Достапни линкови

Успешно заврши најдолгата кинеска вселенска мисија со екипаж


Најдолгата кинеска вселенска мисија со екипаж заврши успешно. Вселенското летало Шенжу 10 и тричлениот екипаж слетаа во северниот дел на Кина по 15-дневна мисија во вселената. Нивната мисија е оценета како клучна за кинеските амбиции да напредува во вселенскиот простор. Кина планира да изгради својата постојана вселенска станица, како и да испрати екипаж на Месечината. Кина за првпат испрати човечки екипаж во вселената сама во 2003 година. Нејзините вселенски способности сè уште заостануваат зад САД и Русија.
XS
SM
MD
LG