Достапни линкови

Состанок на министрите за одбрана од Шангајската организација


Архивска фотографија: Претседателите на земјите од Шангајската организација за соработка на состанок во Пекинг на 6 јуни 2012 година.

Архивска фотографија: Претседателите на земјите од Шангајската организација за соработка на состанок во Пекинг на 6 јуни 2012 година.

Министрите за одбрана на Шангајската организација за соработка денеска во главниот град на Киргистан, Бишкек, ќе дискутираат за регионални безбедносни прашања. На средбата ќе учествуваат министрите за одбрана на Казахстан, Киргистан, Кина, Русија, Таџикистан и Узбекистан. Во пресрет на состанокот, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу разговараше со киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев. Агенциите јавуваат дека на средбата, Шојгу ја потврдил руската поддршка за киргистанските безбедносни сили. Русија има добри воени врски со Киргистан, а има и база во оваа централноазиска земја. САД, исто така има база во Киргистан која им служеше како поддршка за операциите во Авганистан. Но на 20 јуни, киргиските пратеници изгласаа САД до јули следната година да ја напуштат воздушната база Манас. Во базата се сместени околу 1.000 американски војници.
XS
SM
MD
LG