Достапни линкови

Обама разговарал со Карзаи за помирувањето во Авганистан


Архивска фотографија: Претседателите на Авганистан и на САД, Хамид Карзаи и Барак Обама.

Архивска фотографија: Претседателите на Авганистан и на САД, Хамид Карзаи и Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи разговарале откако во Авганистан дојде до прекин на мировните преговори. Двајцата лидери зборуваа неколку часа по нападот врз претседателската палата во Кабул од страна на талибанците.

Аналитичарите велат дека нападот може да ги уназади американските напори да ги седне на преговарачка маса владата на Карзаи и талибанците. Од Белата куќа соопштуваат дека Обама и Карзаи разговарале за процесот на помирување, како и за тоа дека Авганистан, а не САД, ќе го водат тој процес.

Лидерите, исто така потврдиле дека сè уште ја поддржуваат идејата за состаноци помеѓу авганистанскиот висок мировен Совет и претставниците на талибанците во канцеларија на талибанците која неодамна беше отворена во Катар.

Обама и Карзаи разговарале и за предавањето на безбедносните операции од НАТО на авганистанските сили, како и за потребата од фер избори во Авганистан во 2014 година.
XS
SM
MD
LG