Достапни линкови

Филе: Земјите-членки одлучија да не ја стават Македонија на агендата


Одлуката за Македонија воопшто да нема заклучок, ниту датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија на претстојниот Самит на Европскиот совет е на земјите-членки на Унијата, ја пренесуваат медиумите изјавата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе од Луксембург. „ Земјите-членки одлучија да не ја стават БЈР Македонија на агендата. Сепак, јас денеска ги информирав министрите за писмото кое го добив од македонскиот претседател во однос на тоа дека во БЈР Македонија, кој ме информира дека започна со работата Комисијата за истрага на настаните од 24 декември 2012 година, што произлезе од договорот за ставање на крај на политичката криза во земјата постигнат на 1 март. Едноставно, денеска немаше дискусија за ова прашање“ рече Филе. Тој посочи дека Европската комисија е поканета да подготви преговарачка рамка без одложување, што потоа треба да ја одобри Советот и да одреди кога да биде формирана Меѓувладината конференција за почеток на преговорите. „Тоа може да се случи најрано во октомври, а најдоцна во јануари 2014 година. Ако земјите-членки се договорат, тогаш ЕК ќе биде подготвена и да стартуваме веќе во октомври со фокус на поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на владеењето на правото и на слободата на изразување. Во секој случај, нема други дополнителни услови за оваа земја“ изјави Филе.
XS
SM
MD
LG