Достапни линкови

Сноуден е во Москва, Путин вели дека Американецот е слободен човек


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден се уште е во Русија на аеродромот во Москва, одбивајки ги барањата на Соединетите американски држави за негова екстрадиција. Путин рече дека Сноуден е слободен човек и дека неговото пристигнување во Москва било неочекувано До сега не беше јасно каде се наоѓа Американецот кој се гони за предаваство, откако обелодени детали за американски програми за надзор на комуникации низ светот. Американскиот државен секретар Џон Кери побара Русија да го предаде Сноуден, додавајки дека официјален Вашингтон не бара конфронтации.
XS
SM
MD
LG