Достапни линкови

Србија ќе почне со преговори најкасно во Јануари 2014 година


Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија ги усогласиja заклучоците за претстојниот Самит на Европскиот совет, во кои се наведува Србија најдоцна до јануари 2014 година би трбеало официјално да ги почне преговорите за членство во Унијата. Станува збор за прелиминарен договор кој треба да го одобрат лидерите на европските земји на самитот во Брисел во четврток и петок. Одлуката следи по напорите на Белград и Приштина за нормализирање на односите.
XS
SM
MD
LG