Достапни линкови

Ештон и Филе ги поздравија уредните избори во Албанија


Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Кетрин Ештон и еврокомесарот за проширување Штефан Филе во заедничко соопштение им честитаа на албанските граѓани на уредно спроведените парламентарни избори во неделата и посочија дека ги очекуваат оценките на Меѓународната набљудувачка мисија. „Ние ги осудуваме пријавените случаи на насилство и очекуваме овие инциденти да бидат целосно испитани, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата. Сега е важно останатите фази од изборниот процес да се спроведуваат во согласност со европските и меѓународните стандарди.“ наведуваат високите претставници на Унијата.
XS
SM
MD
LG