Достапни линкови

Саудиска Арабија контра иранската инволвираност во Сирија


Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија изјави дека неговата земја гледа опасност во инволвирањето на ирански и либански шиитски милитанти во сиријската граѓанска војна. Принцот Сауд ал Фаисал додаде дека официјален Ријад не може да ја премолчи улогата на Техеран во Сирија. Министерот ги даде забелешките на зедничка прес конференција со американскиот државен секретар Џон Кери и додаде дека на сиријските бунтовници треба да им се понуди воена помош, паралелно со мерки за спречување на доставата на оружје за сиријската влада.
XS
SM
MD
LG