Достапни линкови

Избори во Албанија: Рама прогласува победа, Бериша молчи


Додека се уште трае пребројувањето на гласачките ливчиња од парламентарните избори во Албанија одржани во неделата, лидерот на социјалистите Еди Рама оцени дека на ова гласање победила Албанија. „За мене лично ова не е триумф на некого против некого, туку тоа е триумф кој со овие избори Албанија ја оддели од историјата на манипулирани и деформирани изборни процеси кои негативно влијаеа врз имиџот на земјата“ изјави Рама. Од друга страна, лидерот на Демократската партија и актуелен премиер Сали Бериша иако веќе изминуваат два дена од гласањето, се уште го нема искажано неговиот став и коментар за изборите.
XS
SM
MD
LG