Достапни линкови

Шверц на цигари од Косово и Албанија преку Македонија за Бугарија


Прес-конференција на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во врска со последната акција против шверцот со цигари.

Прес-конференција на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во врска со последната акција против шверцот со цигари.

Меѓу пријавените има и еден полициски службеник од граничната полиција кој имал задача да ги информира членовите на групата за движењето на полициските патроли по граничната линија.

Седумнаесет луѓе, кои беа уапсени за криумчарење цигари од Македонија во Бугарија, меѓу кои и еден бугарски државјанин, се изведени пред истражен судија, а против нив е поднесена кривична пријава. Тројца осомничени припадници на организираната криминална група се во бегство, информира министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на прес-конференција во Скопје.
Членовите на групата цигарите ги складирале во магацински простории на територијата на Скопје и околината или во помошни магацински простории лоцирани во близина на македонско-бугарската граница. Мал дел од криумчарените цигари биле пуштани во промет и во Македонија.

Таа рече дека дваесетчлената криминална група, составена од 19 македонски и еден бугарски државјанин се товари дека од септември 2010 до септември 2011 организирала вкупно 12 нелегални транспорти на цигари од Македонија кон Бугарија. Уапсените се обвинети дека шверцувале цигари со и без акцизни маркички од Албанија и од Косово во Македонија, а потоа од Македонија во Бугарија, затоа што таму цигарите се поскапи.

„Членовите на групата цигарите ги складирале во магацински простории на територијата на Скопје и околината или во помошни магацински простории лоцирани во близина на македонско-бугарската граница, кои простории биле во нивна сопственост. Мал дел од криумчарените цигари, членовите на групата ги пуштале во промет и на територијата на Македонија“, рече Јанкулоска.
Беа приведени и организатворите и членовите на една добро структуирана криминална група.

Акцијата за разбивање на, како што рече Јанкулоска, тутунската мафија, била спроведена во Скопје, Тетово и во повеќе други градови во источна Македонија. Групата за создал 47-годишен скопјанец, а уапсените се од Скопје, Тетово, Струмица, Делчево, Кочани и Берово, рече Јанкулоска.

„Беа приведени и организатворите и членовите на една добро структуирана криминална група“, рече Јанкулоска.

Таа соопшти дека меѓу пријавените има и еден полициски службеник од граничната полиција кој имал задача да ги информира членовите на групата за движењето на полициските патроли по граничната линија. При претресите на домовите на уапсените биле пронајдени три пакети рефус цигари, неколку килограми марихуана, 100 пакети нелегално внесен енергетски пијалок Ред бул, над 15 илјади евра, 341 штеки цигари без акцизни маркички, еден автомобил кој бил користен во шверцот, како и 3983 македонски акцизни маркички за кои се претпоставува дека се фалсификувани, рече Јанкулоска.

Таа рече дека во претходни акции на полицијата биле уапсени 16 члена од истата криминална група.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG