Достапни линкови

Се уште нема одлука за датум за преговори со Србија


Одлуката за почеток на преговорите за членство на Србија во ЕУ ќе биде разгледана на Самитот на шефовите на држави или влади на членките на Унијата што ќе се оддржи в петок, изјави германскиот министер за надворешни работи Гуидо Вестервеле. „Денеска не очекувајте заклучоци. Конечната одлука ќе ја донесат шефовите на држави или влади на крајот на неделата“ изјави Вестервеле во Луксембург, каде се одржува состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ. Според шефот на германската дипломатија, не би требало да се очекува преговорите за членство на Србија во ЕУ да почнат пред јануари 2014 година.
XS
SM
MD
LG