Достапни линкови

Кривични пријави за осомничените за шверц на цигари


илустрација - шверц на цигари

илустрација - шверц на цигари

Седумнаесет лица денеска се изведени пред истражен судија и против нив е поднесена кривична пријава за криумчарење цигари од Македонија во Бугарија. Меѓу приведените е и еден полициски службеник вработен во граничната полиција. Тројца од осомничените се во бегство. „ Според досега документираните сознанија групата во септемвеи 2010 година ја создал 47-годишен скопјанец потпомогнат од 41 годишно лице од Тетово и други пет лица од Скопје, заради вршење кривични дела криумчарење на цигари. Останатите членови од Струмица, Делчево, Кочани и Берово кои се на возраст од 25 до 60 години имале задача илегално да ги пренесуваат цигарите во соседна Бугарија.“ изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
XS
SM
MD
LG