Достапни линкови

logo-print

Постои можност за апсење на Сакашвили, смета грузискиот премиер


 Бинжина Иваншвили

Бинжина Иваншвили

Премиерот на Грузија Бинжина Иваншвили вели дека не ја исклучува можноста за апсење на претседателот Михаил Сакашвили, откако шефот на државата отстапи од функцијата по октомвриските претседателски избори. На прес конференцијата во Ерусалим Иваншвили рече дека законот важи за сите и не треба да има исклучоци. Тој дополни дека не сака да разговара со Сакашвили, кого го нарече мајстор за измами и човек кој не ги почитува грузиските закони. Неколкумина соработници на Сакашвили се обвинети за криминал откако коалицијата на чело со Иваншвили победи на парламентарните избори лани во Октоври.
XS
SM
MD
LG