Достапни линкови

Обама ќе презентира план за справување со климатски промени


Американскиот претседател Барак Обама ќе најави план за справување со причинителите и ефектите на климатските промени. На брифингот пред денешниот говор на претседателот од кабинетот на Обама најавија објавување на претседателски меморандум преку кој повеќе владини агенции ќе се ангажираат на повеќе фронтови. Се предвидува поставување на нови граници за емисии на јаглерод диоксид како и нови стандарди за ефикасна употреба на горива за товарни и други возила.
XS
SM
MD
LG