Достапни линкови

logo-print

ЕУ: Се очекува одлуката за Србија и Косово, за Македонија ни заклучок


Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Луксембург го продолжуваат дводневниот состанок на кој се решава за напредокот на Србија и Косово и Турција.

Министрите треба да предложат заклучоци кои ќе бидат донесени и на самитот во Брисел. Станува збор за доделување датум за почеток на преговорите за членство на Србија и потпишување на Договор за стабилизација и асоцијација со Косово.
За Македонија не се очекува да биде донесен некаков заклучок.

Во меѓувреме, министрите денеска се согласија да рестартираат преговорите за членство со Турција, но го одложија датумот за нова рунда преговори за најмалку четири месеци поради начинот на кој турската влада се справуваше со демонстрантите.
XS
SM
MD
LG