Достапни линкови

Емирот од Катар му ја предаде власта на неговиот син


Шеик Тамин бин Хамад ал-Тани

Шеик Тамин бин Хамад ал-Тани

Емирот од Катар Шеик Хамад бин Калифа ал-Тани му ја предаде власта на својот 33-годишен син, Шеик Тамин бин Хамад ал-Тани.
Во говорот на државната телевизија, 61-годишниот Емир рече дека е време за новата генерација да ја преземе власта.
Новиот емир е образован во Велика Британија и е заменик - командант на вооружените сили на земјата.
Шеикот Хамад дојде на власт во 1995 година по државен удар во кој тој го собори неговиот татко, Шеикот Калифа.
Катар има население од два милиони и е најголем светски извозник на природен гас
XS
SM
MD
LG