Достапни линкови

Серија напади во главниот град на Авганистан


Претседателската палата во Кабул

Авганистанската полиција соопшти дека била нападната претседателската палата во Кабул. При тоа тројца од 4 те напаѓачи биле убиени во 90 минутните престрелки.
Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот кој се случил додека претседателот Хамид Карзаи се готвел да одржи прес конференција.
Според извештаите престрелки имало и во близина на хотел покрај претседателската палата каде се верува дека американската разузнавачка служба има свои канцеларии, како и пред зградата на Министерството за одбрана.
XS
SM
MD
LG