Достапни линкови

Берлускони прогласен за виновен во случајот со малолетна проститутка


Судот во Италија го прогласи за виновен екс-премиерот Силвио Берлускони за злоупотреба на службената должност во случајот со малолетна проституција. Согласно пресудата на судот во Милан, на Берлускони му се забранува вршење државни функции, но одлуката е предмет на жалба. Пресудено е дека поранешниот италијански премиер платил за секс со малолетна танчерка во ноќен клуб по што ја злоупотребил премиеркската позиција за да го прикрие настанот. Седумдесет и шест годишниот Берлускони е соочен со можна затворска казна во времетраење од шест години доколку не успее да ја оспори пресудата од судскиот процес кој траеше две години.
XS
SM
MD
LG