Достапни линкови

Расте бројот на загинати туристи во Црна Гора


Бројот на загинати романски државјани во вчерашната несреќа во Црна Гора се зголеми на 19 лица. Автобусот во кој патувале туристите се превртел во провалија длабока 40 метри. Романските медиуми јавија дека четворица од повредените се во критична состојба и се приклучени на апарати за дишење. Возачот на автобусот со романски туристи од засега непознати причини ја загубил контролата врз возилото, кое излетало во провалија на магистралниот пат Подгорица-Колашин, во близина на манастирот Морача. Повеќето од патниците се возрасни луѓе, кои биле на туристичко патување на релација Србија-Хрватска-Црна Гора.
XS
SM
MD
LG