Достапни линкови

Кино во Дебар после три децении


Илустрација.
Илустрација.

Овие јунски денови во Дебар, во Центарот за култура, киното повторно проработи. Првите претстави покажаа дека во Дебар сè уште има голем интерес за кино претставите.

По повеќе од три декади, Дебар повторно доби градско кино. Во 1980 година, управата на Градското кино кое се наоѓаше на централната улица во градот престана да прикажува филмови и покрај големиот интерес на граѓаните. Старата дотраена кино техника и проблемите во функционирањето на институцијата ја прекинаа добрата традиција да се гледаат филмови со задоволство, често заедно од страна на фамилијата. Од досега неразјаснети причини, по неколку години од престанувањето на работата на киното, објектот изгоре целосно.
Благодарение на Министерството за култура и Филмскиот фонд на Македонија, добивме најсовремен прожектор со најдобра резолуција што се користи за кино претстави. По повеќе од 30 години, Дебар сега доби кино. Киното му фалеше на градот бидејќи градот е познат по филмската култура и културата во целина, цивилизацијата и образованието. Првите проекции на филмови навистина привлекоа голем број на љубители на филмот во Дебар.
Артин Спахиу, директор на Центарот за култура во Дебар.

Овие јунски денови во Дебар, во Центарот за култура, киното повторно проработи. Првите претстави покажаа дека во Дебар сè уште има голем интерес за кино претставите. Граѓаните го сакаат филмот.

„Благодарение на Министерството за култура и Филмскиот фонд на Македонија, добивме најсовремен прожектор со најдобра резолуција што се користи за кино претстави. По повеќе од 30 години, Дебар сега доби кино. Киното му фалеше на градот бидејќи градот е познат по филмската култура и културата во целина, цивилизацијата и образованието. Првите проекции на филмови навистина привлекоа голем број на љубители на филмот во Дебар. Ние како управа оценуваме дека покрај ова класично кино, опремата да ја користиме и за летно кино, во локацијата пред Центарот за култура. Во текот на летниот период во Дебар пристигнуваат и над 5000 печалбари кои работаат и живеат во странство. Заради тоа ќе го активираме и летното кино. Кога сме кај филмовите, ќе се обидеме секогаш да преставуваме интересни нови и атрактивни филмови“, истакнува директорот на Центарот за култура во чии рамки делува и градското кино, Артин Спахиу.
Сметам дека е добро што Дебар повторно по многу години има градско кино. Многу поинтересно е да се гледа филм во кино салите. Јас ја гледав првата претстава по три декади, и навистина оние кои беа во салата имаа емоции. Управата треба да избира добри филмови.
Анкетиран граѓанин.

Според него, желбата да се има кино во Дебар е дамнешна.

Многу граѓани бараат отворање на киното и тоа се случи. Љубителите на филмот во Дебар сметаат дека градското кино му беше потребно на населението. И покрај тоа што сега на телевизиските програми има бројни филмови, сепак чувството да се гледа филм во кино е поинакво. Граѓаните во врска со стартот на кино претставите нагласуваат:

„На Дебар му недостасуваше кино. Дебар имаше кино и паметам како дете, гледањето на филмови беше многу интересно. Добро е што повторно имаме кино. Чувството да се гледа филм дома на телевизија и во градско кино е многу различно. Во кино салите филмот се гледа заедно, а потоа и се коментира. Во кино салите имаше и дружење на младите што е многу битно.“

„И јас сметам дека е добро што Дебар повторно по многу години има градско кино. Многу поинтересно е да се гледа филм во кино салите. Јас ја гледав првата претстава по три декади, и навистина оние кои беа во салата имаа емоции. Управата треба да избира добри филмови“, велат анкетираните граѓани.

Во Центарот за култура објаснуваат дека посебно внимание ќе се посвети на изборот на филмовите. Вкусот на младата и постарата генерација не е ист. Овде се верува дека повторното враќање на филмот во кино салата ќе наиде на голема поддршка и претставите секогаш ќе бидат полни со љубители на филмот. Така било впрочем пред три декади кога во Дебар имало кино. Инаку во Дебар првата кино претстава е регистрирана во 1947 година.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG