Достапни линкови

logo-print

Пијанистичка приказна на Дуња Иванова во Музеј на Град Скопје


Дуња Иванова, пијанистка.

Дуња Иванова, пијанистка.

Со дела на Лудовико Еинауди и Филип Глас, утревечер од 22 часот, во Музеј на град Скопје, рецитал ќе одржи пијанистката Дуња Иванова. Станува збор за одбир на современа музика што тешко може да се чуе на домашните подиуми, а концертот се одржува во рамките на актуелното „Скопско лето“.

По три години од концертот насловен како „Вечер на Збигњев Прајснер“ на кој го претстави поимањето на филмската музика на големиот полски композитор, пијанистката Дуња Иванова на својата нова средба со скопската публика ќе ги свири делата на современите светски автори Лудовико Еинауди и Филип Глас.
Се образував како класичен пијанист, меѓутоа во мојата програма некако секогаш имало место за современите композитори. Иако оваа музика некој кај нас ќе ја смести во т.н „алтернативна музика“, таа во светот прилично дејствува како комерцијална музика. Дел од неа е наменета и за авторски филмски остварувања, но јас не се врзувам за неа пред сè затоа што е филмска туку затоа што едноставно нуди еден поинаков израз, еден конкретен израз кој навистина ве зашеметува со тоновите, со хармониите иако самата за себе не нуди ништо револуционерно во таа композициска смисла.

Во предвечерието на својот рецитал во Музеј на град Скопје, уметницата забележува дека станува збор за „нејзина лична приказна и за музика која нејзе и е исклучително блиска до срцето и дека кога еднаш ќе ја чуете тогаш таа ве прогонува дури и во сон“. Затоа, како што вели Иванова, таа и не можела да ја напушти идејата дека на публиката во градов и воопшто во Македонија и должи еден ваков концерт.
уња Иванова, пијанистка.

уња Иванова, пијанистка.


„Се образував како класичен пијанист, меѓутоа во мојата програма некако секогаш имало место за современите композитори. Иако оваа музика некој кај нас ќе ја смести во т.н „алтернативна музика“, таа во светот прилично дејствува како комерцијална музика. Дел од неа е наменета и за авторски филмски остварувања, но јас не се врзувам за неа пред сè затоа што е филмска туку затоа што едноставно нуди еден поинаков израз, еден конкретен израз кој навистина ве зашеметува со тоновите, со хармониите иако самата за себе не нуди ништо револуционерно во таа композициска смисла.“

Јас сум спремна да го отсвирам овој концерт и уште педесетина пати како што тоа беше и со Прајснер. За жал Прајснер доживеа само една премиера овде во Скопје. Условите за да се организира еден концерт кај нас се навистина тешки, речиси невозможни. Оваа идеја јас како концепт ја носам пет години ако не и повеќе. Дури сега се создадоа технички предуслови за да може истиот да се реализира. Затоа на секоја покана би одговорила со задоволство.
Пијанистката истакнува дека е спремна овој концерт да го свири уште педесетина пати, но вели дека не е оптимист за такво нешто, бидејќи условите за организација на еден таков настап кај нас и не се најповолни.

„Јас сум спремна да го отсвирам овој концерт и уште педесетина пати како што тоа беше и со Прајснер. За жал Прајснер доживеа само една премиера овде во Скопје. Условите за да се организира еден концерт кај нас се навистина тешки, речиси невозможни. Оваа идеја јас како концепт ја носам пет години ако не и повеќе. Дури сега се создадоа технички предуслови за да може истиот да се реализира. Затоа на секоја покана би одговорила со задоволство.“

Говорејќи за музичката критика во земјава, таа забележува дека „пред сè треба да има уметност за која ќе се пишува и ќе се зборува“.

„Сметам дека критичарите се ставаат во завидна положба секоја година да пишуваат за истите претстави на Мајски оперски вечери, за истите концерти на Филхармонија, иако во нивниот случај мора да признаеме дека во последно време опсегот е проширен. Од таму тоа во некоја рака е причината за овие концерти што и самата како уметник се трудам и сакам да ги направам. На новинарите, на критичарите и воопшто да се даде потстрек, да се турнат работите малку напред, да се прошири хоризонтот, затоа што мислам дека запаѓаме во еден стерилитет, ако не звучи прегрубо.“

Родена 1985 година во Скопје, Дуња Иванова магистрираше на одделот за пијано на Факултетот за музичка уметност и на Катедрата по естетика на Филозофскиот факултет, каде што во моментов е докторант.

Од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, а досега со успех настапувала во Париз, на фестивалот „Сараевска зима“, во Рагуза, Сицилија и безмалку на сите значајни домашни културни манифестации како Охридско лето, Музика вива, Денови на македонска музика и други.

Автор е на книгата „Естетското доживување на музиката“ (2010) која произлезе од нејзиниот магистерски труд, а есенва треба да ја брани и докторската теза по која планира да го надгради истражувањето со анализа на естетичките идеи втемелени во 20 век кои зборуваат и дебатираат за доживувањето како клучен поим не само во музиката, туку и во уметноста воопшто.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG