Достапни линкови

Потпишан договорот за граничниот премин Белановце-Станиќ


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзинот косовски колега Бајрам Реџепи на граничниот премин Глобочица на косовска страна потпишаа договор со кој се предвидува отворање на нов меѓународен граничен премин Белановце-Станиќ што од македонска страна се наоѓа во Кумановскиот регион. „Овој договор за отворање на нов меѓународен граничен премин најмногу ќе им биде од корист на граѓаните на двете држави од пограничните области, но и од целата територија и ќе придонесе за поголема мобилност и поголема размена во делот на економијата и секојдневниот живот на граѓаните“ рече министерката Јанкулоска по потпишувањето на договорот.
XS
SM
MD
LG