Достапни линкови

Сноуден побарал азил во Еквадор, стравува дека ќе биде убиен


Министерот за надворешни работи на Еквадор Рикардо Арока на прес конференција го прочита барањето за азил на Едвард Соуден. Поранешниот соработник на американските разузнавачки служби е соочен со обвиненија за шпионажа и Соединетите американски држави од руските власти бараат негова екстрадиција . Сноуден се наоѓа во Москва и според одредени медиуми, не се качил на авионот на пат кон Куба. Во барањето за азил до претседателот на Еквадор, Сноуден ја споредува својата одлука „да говори отворено за американскиот надзор на комуникации“ со случајот „Викиликс“ и кривичното гонење на Џулијан Асанж и неговиот соработник, војникјот Бредли Менинг. Сноуден пишува дека Менинг бил жртва на нехуман третман пред и по неговото судење.

„Верувам дека со оглед на ваквите околности, јас нема да добијам фер судење ниту пак фер третман пред судскиот процес. Може да добијам доживотна казна затвор и може да бидам убиен“ се наведува во барањето за Азил на Сноуден кое го прочита министерот.

„Владата одржува дипломатски контакт со руските власти кои се информирани дека Еквадор го разгледува барањето за азил на господинот Сноуден. За ова прашање руската влада треба да донесе одлука во согласност со своите и меѓународните законски прописи“ изјави Арока.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џон Кери посочи дека доколку руските власти му дозволат на Сноуден да се качи на авион кон трета земја, тоа ќе има ефект и последици на американско – руските односи.
XS
SM
MD
LG