Достапни линкови

logo-print

Европската комисија без коментар за изборите во Албанија


Европската комисија денеска одби да ги коментира инцидентите што завршија со една жртва и двајца повредени за време на вчерашните парламентарни избори во Албанија. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролот на Комисијата, Петер Стано посочил дека Европската унија го чека извештајот на ОБСЕ и ОДИХР за да може да излезе со официјален став за изборниот ден во земјата - потенцијален кандидат. „Комисијата ги нотираше случувањата на изборниот ден во Албанија, но коментар ќе дадеме подоцна кога ќе имаме извештај од Организација за безбедност и соработка во Европа што го мониторираше процесот. Денеска или утре ќе дадеме официјален коментар“ рече Стано.
XS
SM
MD
LG