Достапни линкови

Седумнаесетмина приведени во акција на МВР


илустрација - шверц на цигари

илустрација - шверц на цигари

Најмалку 17 лица се приведени досега во акцијата што ја спроведува полицијата во неколку градови низ Македонија за разбивање на организирана група за шверц на цигари. Според првичните сознанија, приведени се лица во Скопје, Тетово, Струмица, Берово и Делчево. Меѓу приведените е и припадник на граничната полиција. Неколку лица се во бегство. Приведените и лицата во бегство се осомничени дека од 2010 од Албанија и од Косово илегално внесувале цигари во Македонија, ги складирале во импровизирани магацини во Скопје и во близина на македонско – бугарската граница. МВР најави дополнителни детали по завршување на акцијата.
XS
SM
MD
LG