Достапни линкови

Жестока престрелка во либанскиот град Сидон


Најмалку 12 либански војници загинале во престрелка со вооружени сунитски муслимани во пристанишниот град Сидон. Државната агенција јави дека во престрелката, во која било користено автоматско оружје и гранати, биле ранети 50-тина лица. Милитанти од сунитските муслимани нападнале еден воен пункт отако претходно бил уапсен еден нивни припадник.
XS
SM
MD
LG