Достапни линкови

18 загинати во несреќата на романскиот автобус во Црна Гора


Бројот на загинатите во сообраќајната несреќа на романскиот автобус во Црна Гора, достигна 18, а 28 лица се повредени, некои тешко, јави денеска црно-горската телевизија. Во автобусот се превезувале туристи кои патувале на летување во Будва, а до несреќата дошло на патот меѓу Колашин и Подгорица, во кањонот Морача. Романскиот амбасадор во Црна Гора соопшти дека сите настрадани се романски државјани.
XS
SM
MD
LG