Достапни линкови

logo-print

И власта и опозицијата победници на изборите во Албанија?


И власта и опозицијата во Албанија прогласија победа на вчерашните парламентарни избори веднаш по затворањето на гласачките места. Првичните официјални резултати од изборите се очекуваат денеска. Еден човек беше убиен, а двајца беа ранети во пукање на едно гласачко место во градот Лач. Еден од ранетите е кандидат од Демократската партија на премиерот Сали Бериша. До пукањето наводно дошло по расправија меѓу симпатизери на Демократската партија на Бериша и на опозициското Социјалистичко движење за интеграција на Еди Рама. ЕУ предупреди дека изборите на кои треба да се изберат пратеници во 140-члениот албански парламент треба да ги исполнат меѓународните стандарди ако Албанија сака да ги започне пристапните разговори за членство во Унијата.
XS
SM
MD
LG