Достапни линкови

Авганистанската влада подготвена за разговар со Талибанците


Авганистанската влада соопшти дека е подготвена да разговара со Талибанците, но оти први бара одговори на прашања во врска со канцеларијата што оваа милитантна организација ја отворила во Катар. Талибанците ја отворија канцеларијата во Доха минатата недела, но го користат нивното старо знаме и име од времето кога беа на власт во Авганистан, што ја разлути владата на претседателот Хамид Карзаи. Владиниот портпарол вчера соопшти дека Кабул е подготвен да испрати делегација во Доха на разговори со Талибанците, но откако ќе добие објаснување за отворањето на канцеларијата и уверување дека тоа не претставува дипломатско заживување на талибанците. Тие, пак, соопштија декаго користат знамето и името „во договор со катарската влада“. Новинската агенција Асошиејтед прес објави дека вчера немало знаци од знамето пред канцеларијата во Доха.
XS
SM
MD
LG