Достапни линкови

logo-print

Најмалку 15 загинати во тешка сообраќајка во Црна Гора


Кањонот на реката Морача.

Кањонот на реката Морача.

Загинаа 15 луѓе, а околу 30 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи кај манастирот Морача во Црна Гора. Загинатите и повредените се романски државјани, соопшти амбасадорот на Романија во Црна Гора, Михаил Флорович. До несреќата дошло кога автобус со 46 патници на романски авто-превозник излетал од патот во кањонот кај манастирот Морача и паднал 30-40 метри во провалијата.

Црногорскиот министер за внатрешни работи Рашко Коњовиќ претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 луѓе.

Директорот на Ургентниот центар во Подгорица каде што се згрижени повредените, Владимир Добричанин, изјави дека не може да даде детални информации за состојбата на повредените, но оти претежно се работи за тешки повреди.
XS
SM
MD
LG