Достапни линкови

Во Либан повеќе од пола милион бегалци од Сирија


Во Либан изминатата недела пребегале 23 илјади луѓе од Сирија, со што бројот на бегалци порасна на повеќе од 553 илјади луѓе, соопшти денеска Агенцијата на ОН за бегалци(УНХЦР).Од таму соопштуваат дека во Либан има 473 илјади регистрирани бегалци од Сирија, а уште 80 илјади чекаат да заврши процесот на регистрација. Регистрираните бегалци добиваат помош од ОН, од либанската влада и од различни невладини хуманитарни организации. Либан побара помош од Советот за безбедност на ОН и од меѓународните донатори за решавање на се поголемиот прилив на беглаци. Минатиот месец високиот комесар за бегалци на ОН Антонио Гитерас рече дека бројот на сириски бегалци во Либан надмина 25 отсто од бројот на жители на таа земја, што претставува сериозен проблем за владата и за народот.
XS
SM
MD
LG