Достапни линкови

Едвард Сноуден од Хонг Конг во Москва па во Хавана


Аерофлот соопшти дека поранешниот соработник на американската Национална служба за безбедност Едвард Сноуден слетал во Москва. Тој претходно го напушти Хонк Конг, но Москва не е негова конечна дестинација, затоа што тој резервирал авионски билет од Москва за Хавана, каде што треба да слета на 24 јуни, но и оти резервирал билет од главниот град на Куба до престолнината на Венецуела, Каракас.
САД бараат екстрадиција на Сноуден, откако тој обелодени детали за тајни американски програми за надзор.
XS
SM
MD
LG