Достапни линкови

Сноуден резервирал билет за Венецуела


Поранешниот соработник на американската Национална служба за безбедност Едвард Сноуден денеска го напуштил Хонг Конг и се упатил кон Москва со лет на Аерофлот. Портпаролот на Аерофлот соопшти дека тој резервирал авионски билет од Москва за Хавана, каде што треба да слета на 24 јуни, но и оти резервирал билет од главниот град на Куба до престолнината на Венецуела, Каракас. Руските власти претходно соопштија дека Сноуден нема руска виза и оти не смее да го напушти транзит делот на московскиот аеродром Шереметјево. На одлуката на Хонг Конг да му дозволи на Сноуден да ја напушти земјата се гледа како на удар на односите со Вашингтон.

САД бараат екстрадиција на Сноуден, откако тој обелодени детали за тајни американски програми за надзор. Тој се соочува со обвиненија во САД за кражба на владин имот, намерно издавање на класифицирани информации и неовластено соопштување на информации за одбраната. Тој се соочува со до 10 години затвор за секое од трите обвиненија. Многумина во САД на него гледаат како на предавник, но други го сметаат за херој.
XS
SM
MD
LG