Достапни линкови

Во Охрид сметот се собира со стари возила


Охрид.

Охрид.

Директорката на Јавното претпријатие Охридски Комуналец Елена Скрческа вели дека возилата за смет се стари, а поради неисплатени долгови кон добавувачи, претпријатието не може да се снабди и со гориво за возилата.

Јавното претпријатие Охридски Комуналец пред почетокот на туристичката сезона се соочува со возен парк кој е вo лоша состојба, но раководството на компанијата уверува дека градот редовно ќе се чисти од смет. Директорката Елена Скрческа вели дека поради неисплатени долгови кон добавувачи, претпријатието не може да се снабди и со гориво за возилата.
Такви половни возила во оваа дејност не се прифатливи од аспект што возилата ги користиме 24 часа.

„Во последните три години за набавка на возила и од сферата на хигиената, и од сферата на заедничките служби како автомобили, исплатени се 14.000.000 денари. Денес се соочуваме со проблем да немаме во летниот период возило за подигање на смет. Првиот мој контакт во механизација беше како ќе ја протуркаме оваа летна сезона. Сите пет набавени возила во 2010, 2011 и 2012 година се набавени како половни. Такви половни возила во оваа дејност не се прифатливи од аспект што возилата ги користиме 24 часа“, вели Скрческа.
Сега во последните два месеци гледаме дека ѓубрето седи по улиците по цели денови, преполни контејнери, неискосени паркови и тоа се должи на едно лошо раководење.

Скрческа вели дека претпријатието се соочува со превработеност во секторот на заеднички служби, додека има недостиг на работна сила од општи комунални работници.

„Дејноста кај нас е подигање на смет, јавна чистота, метење на улиците и сообраќајниците и градското зеленило, одржувањето и расадникот. Голем број од вработените се во заедничките служби. Една петтина имаме во заедничките служби, другите се оперативни работници, не сметајќи ги оние што се раководители на сектори“, вели Скрческа.

Но претходниот директор Сашо Алчев вели дека на Скрческа и оставил чист и среден Охрид кој во минатите години бил пример во Македонија.

„Јас како директор на Охридски комуналец оставив добро организирана фирма пример во Македонија и во однос на работењето и во однос на потребите на Охрид. Сега во последните два месеци гледаме дека ѓубрето седи по улиците по цели денови, преполни контејнери, неискосени паркови и тоа се должи на едно лошо раководење и на безидејност“, рече Алче.
XS
SM
MD
LG