Достапни линкови

logo-print

Морси ослободен од затвор како резултат на заговор


Мохамед Мосри.

Мохамед Мосри.

Судот во Египет донесе одлука дека сегашниот претседател Мохамед Мосри заедно со уште 34 припадници на Муслиманското братство биле ослободени од затвор во 2011 како резултат на заговор. Судот пресуди дека Муслиманското братство заедно со членови на Хамас и Хезболах успеале да провалат во затворот Вади ел Натроун и да ослободат клучни членови на организацијата, вклучувајќи го и Морси кој мината година стана претседател. Морси останува на ставот дека тие биле ослободени од страна на локалното население. Хамас негира инволвираност во нападот врз затворот кој се случи за време на востанието против долгогодишниот египетски лидер Хосни Мубарак. Затворот Вади ел Натроун е само еден од многуте затвори во Египет кој беше нападнат за време на востанието. Тогаш од затворите беа ослободени 23 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG