Достапни линкови

Кличко - владата да дозволи лекување на Тимошенко


Кличко на интервју за украинскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Кличко на интервју за украинскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Витали Кличко, светски боксерски шампион и лидер на украинската опозициска Алијанса за реформи, ја повика владата да и дозволи на поранешната премиерка Јулија Тимошенко која се наоѓа во затвор да се лекува во Германија. Кличко тоа го изјави во интервју за украинскиот сервис на Радио Слободна Европа по состанокот во Киев со германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле. Кличко изјави дека секоја одлука за Тимошенко зависи само од еден човек, украинскиот претседател Виктор Јанукович. Кличко исто така рече дека Вестервеле советувал опозицијата во Украина да се обедини и да поддржи еден кандидат на претседателските избори во 2015.
Тимошенко се наоѓа на издржување седумгодишна затворска казна за злоупотреба на службената должност.
XS
SM
MD
LG