Достапни линкови

Убиство на гласачко место во Албанија


Архивска фотографија - Полиција пред Централната изборна комисија на Албанија.

Архивска фотографија - Полиција пред Централната изборна комисија на Албанија.

Еден човек е убиен, а тројца се повредени во близина на гласачко место за време на парламентарните избори во Албанија. Во близина на гласачко место во градот Лач убиен е член на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), а повреден е кандидат за пратеник од редовите на Демократската партија (ПД) на премиерот Сали Бериша и уште две лица кои случајно се нашле во близина.

Според албанските медиуми, на пукањето му преходела вербална расправија меѓу убениот кој одел да гласа и неколку други лица.

Тепачка е регистрирана и на едно избирачно место во Ѓирокастро, кога не било дозволено семејно гласање.

Инаку на изборите во Албанија денеска се гласа на 4.400 гласачки места, а во единствениот изборачки список се евидентирани околу 3,3 милиони гласачи. Треба да се изберат 140 пратеници.
XS
SM
MD
LG