Достапни линкови

Палестинскиот претседател ја прифати оставката на премиерот


Премиерот на Палестина, Рами Хамдалах.

Премиерот на Палестина, Рами Хамдалах.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја прифати оставката на премиерот, Рами Хамдалах. Премиерот во четвртокот објави дека поднесува оставка, само две недели по преземањето на функцијата. Неговата оставка е поттикната од борбата за власт која произлезе од одлуката на Абас да именува двајца заменици на премиерот. Абас побара Хамдалах да остане вршител на должноста премиер додека тој избере некој друг да формира нов кабинет. Тие утрово разговарале да да ја спречат кризата, но на крај Абас ја прифатил оставката на премиерот.
XS
SM
MD
LG