Достапни линкови

Сноуден го напуштил Хонг Конг и се упатил кон Москва


Едвард Сноуден.

Едвард Сноуден.

Поранешниот соработник на американската Национална служба за безбедност Едвард Сноуден го напуштил Хонг Конг и се упатил кон Москва, јави денеска „Утрински весник на Јужна Кина“. САД бараат екстрадиција на Сноуден, откако тој обелодени детали за тајни американски програми за надзор. Весникот објави интервју со Сноуден во кое тој вели дека Москва не е неговата крајна дестинација. Сноуден се соочува со обвиненија во САД за кражба на владин имот, намерно издавање на класифицирани информации и неовластено соопштување на информации за одбраната. Тој може да се соочи до 10 години затвор за секое од трите обвиненија.
XS
SM
MD
LG