Достапни линкови

Полицијата ги растури протестите во Истанбул


Turkey-- A protestor wears a gas mask during clashes with police near Taksim Square in Istanbul June 22, 2013

Turkey-- A protestor wears a gas mask during clashes with police near Taksim Square in Istanbul June 22, 2013

Турската полиција синоќа употреби водени топови, солзавец, гумени куршуми и палки за растурање на неколкуте илјади демонстранти, кои се собраа на нови протести на истанбулскиот плоштад Таксим.

Додека полицајците се движеа кон демонстрантите, тие фрлаат црвени каранфили кон нив и скандираа „Полицијо, не го предавај својот народ“.
Синоќешниот протест беше организран една недела по полициската акција во која сите демонстранти беа отстранети од паркот Гези во Таксим.
Пред да започне полициската акција протестот траеше два часа, за време на кои демонстрантите извкуваа антивладини пароли и бараа оставка од премиерот Реџеп Тајип Ердоган.

Протести синоќа се одржаа и во турскиот главен град Анкара, каде полицијата исто така употреби слозавец и водени топови за разбивање на двете групи демонстранти, кои од различни делови на градот се упатија кон централниот градски плоштад.

Неколку часа пред новите протести во Истанбул и Анкара, премиерот Ердоган на митинг на негови приврзаници во градот Самсун обвини дека учесниците на антивладините собири се жртви на подмолен план.
XS
SM
MD
LG