Достапни линкови

logo-print

„Танцот на животот“ на Марија Светиева во Мала Станица


Марија Светиева на изложба.

Марија Светиева на изложба.

„Танцот на животот“ е насловена 38 самостојна изложба на уметницата Марија Светиева, што од 21 јуни до 21 јули, во рамките на културната манифестација „Скопско лето“, се одржува во Националната галерија на Македонија – Мултимедијален центар „Мала станица“ во Скопје. На постановката се претставени 180 дела селектирани од 27 годишното ликовно творештво.

Марија Светиева создава нестварен свет, сочинет од опипливи податоци на личното опкружување мистифицирајќи ја притоа реалноста се дотаму каде што се влегува во сферата на препознавањето на уметничкото поради што уметницата се радува на чинот на создавање надминувајќи го притоа чувството на осаменост и напуштеност, со што ова творештво со право можеме да го наречеме исцелително. Делата на уметницата радуваат и крепат, пленат со животна радост и хармонија произлезени од раскажувач на мали-големи нешта.
Сите ние во животот следиме една музика од стравови, надежи, соништа и под тоа следење на тие конци што не влечат нашето тело е во некое движење. Згора на тоа сите ние имаме повеќе улоги во животот, како дете, потем родител, во кариерата и сите тие работи треба да ги усогласиме. Работата, всушност, е да се ослободиме од тие стравови и слободно да полетаме.

Ова ќе го запише историчарот на уметност Љупчо Маленко во каталогот за изложбата на м-р Марија Светиева, што до 21 јули, се одржува во салоните на „Мала станица“. На оваа нејзина 38 самостојна постановка се претставени 180 дела, 70 пастели, 60 графики и останатото акварели, селектирани од изминативе 27 години уметничко творештво. Изложбата инспиративно е насловена „Танцот на животот“ бидејќи, како што вели Светиева, таа во основа ја изразува нејзината насушна потреба за слободен лет.
Графика на Марија Светиева.

Графика на Марија Светиева.


„Сите ние во животот следиме една музика од стравови, надежи, соништа и под тоа следење на тие конци што не влечат нашето тело е во некое движење. Згора на тоа сите ние имаме повеќе улоги во животот, како дете, потем родител, во кариерата и сите тие работи треба да ги усогласиме. Работата, всушност, е да се ослободиме од тие стравови и слободно да полетаме.“
Не сум тој тип на човек што се врти во круг и едно те истото го работи. Дури може посетителите да забележат дека и стилот на моменти ми се менува согласно со техниката што ја практикувам дали е тоа пастел, графика, акварел или слика.

Светиева дополнува дека оваа постановка понира до нејзините вистински почетоци, до 1986 година кога дипломирала на Факултетот за ликовна уметност, и дека во некоја рака ги претставува сите нејзини циклуси - „Љубов, секс, живот“, „Светот на Виктор“, христијанството, екологијата, „Каде оди Македонија?“ , а сето тоа повторно за неа е „Танц на животот“.

Од друга страна уметницата за себе вели дека не е тип на човек кој се врти во круг и дека милува по една затворена врата во животот веднаш да отвори нова.
Марија Светиева, сликарка.

Марија Светиева, сликарка.


„Не сум тој тип на човек што се врти во круг и едно те истото го работи. Дури може посетителите да забележат дека и стилот на моменти ми се менува согласно со техниката што ја практикувам дали е тоа пастел, графика, акварел или слика. Јас сум графичар по образование и вокација меѓутоа не се држам до црно-бело затоа што и
Како уметници не можеме да придонесеме којзнае колку во менувањето на светот, меѓутоа сме должни да не останеме неми и глуви кон стварноста. Треба, преку делата, секој на свој начин да даде отпор или да посочи на лошите работите во животот и во општеството. Да го крене својот глас.
животот е избоен и тоа треба да се прикаже и во графиките и во делата.“

Светиева е свесна дека како и сите уметници има ограничена моќ во менувањето на нештата со своите дела, но потенцира дека „не смее да се остане нем“ во она кратко време што го имаме за живеење.

„Како уметници не можеме да придонесеме којзнае колку во менувањето на светот, меѓутоа сме должни да не останеме неми и глуви кон стварноста. Треба, преку делата, секој на свој начин да даде отпор или да посочи на лошите работите во животот и во општеството. Да го крене својот глас.“

Родена 1960 година во Скопје, Марија Светиева станува член на ДЛУМ веднаш по дипломирањето во 1987, а три години подоцна добива стипендија и оди да специјализира графика во Болоња, Италија. Во 1991 година е примена за член на Меѓународното здружение на графичари во Рим, а следните четири лета ќе раководи со филмската продукциска куќа „Фарфара ансалт“. Во 2000 година го користела атељето на Меѓународниот град на уметноста во Париз, а во 2004 дипломирала и на Педагошката академија во Скопје.

Зад себе има 37 самостојни изложби во земјава и во странство, била учесник на 220 групни постановки и добитник е на 16 награди за графика и две за цртеж во Македонија, Шведска, Франција и Италија.

Последната своја средба со публиката пред актуелната постановка ја имаше на изложбата во Прима центар во Берлин минатата година, а нејзините дела можете да ги најдете во многу колекции во Италија, Чешка, Германија и во многу другите европски земји.

Сепак, Светиева, како и многу други уметници, знае да каже дека е многу тешко било каде да се живее само од уметноста.

„Не само во Македонија туку и во светот, правило е дека уметникот си има еден свој крст и си го носи како Исус Христос што си го носел својот и многу е тешко да се заработува и да се живее само од уметноста. Уметникот е принуден покрај уметноста да работи и нешто друго.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG