Достапни линкови

Неделен печат - Нови партии и подмладувањето на СДСМ


Влијанието на новите партии, подмладувањето на СДСМ и кампањите за вработување социјални случаи во владините институции се дел од темите кои беа во фокусот на неделниците.

Глобус - Кои се новите предатори или мршојадци кои тргнаа во лов на СДСМ?

Он-лајн магазинот Глобус во најновиот број, во редовната колумна „Од дистанца“, анализира кои се новите предатори или мршојадци кои тргнаа во лов на СДСМ, за да наведе дека новото во сегашната ситуација е само прашањето: колкава штета ќе му предизвикаат на СДСМ партиите од типот на ГРОМ на Јакимовски, а особено онаа за Позитивна Македонија, предводена од Минчо Јорданов и Љупчо Зиков.
Како Јорданов, односно неговата партија ќе стане алтернатива во државава кога во последниве години, па и во моментов, фирмите на Минчо Јорданов беа и се најголемите изведувачи на најголемата државна инвестиција - проектот „Скопје 2014“?
Глобус.

Како Јорданов, односно неговата партија ќе стане алтернатива во државава кога во последниве години, па и во моментов, фирмите на Минчо Јорданов беа и се најголемите изведувачи на најголемата државна инвестиција - проектот „Скопје 2014“? - прашува авторот на анализата. Градежната фирма Бетон е финансиер и изведувач и на објектот кај неодамнешната
„жолта куќа“, каде што ќе биде седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Случајност или само бизнис-релации? Колку се блиски Јорданов и Груевски? Дали оној кој одлично му оди во времето на Груевски, ќе посака да биде негов политички конкурент? Според тоа, главната задача на Јорданов/Зиков ќе биде битката на еден фронт и тоа оној спрема СДСМ, предвидува Глобус. Со новата понуда од типот на ГРОМ или Позитивна Македонија и ним сличните само ќе се реафирмира едно начело кое стана заштитен знак за времето на Груевски: клиентелизам со висок степен на конвертитство.
Системот во кој со години живеевме во социјална магла дека сè е бесплатно и дека државата ќе се погрижи за сè го напуштивме пред 20 и повеќе години, но трагедијата е уште поголема затоа што и ден-денес на младите им се нуди како модел на успешно владеење.
Капитал.


Република - СДСМ го користи рецептот на ВМРО-ДПМНЕ

Република продолжува со својата теза дека СДСМ го користи рецептот на ВМРО-ДПМНЕ со изборот на економист како лидер и дека партијата повторно користи урнек на владејачката партија - подмлади се, за да направиш промена во сопствените редови и да ѝ се приближиш на јавноста. Во текстот со наслов: „Реформи: СДСМ со третман за подмладување“, Република разговара и со новиот генерален секретар на Партијата, Оливер Спасовски, цитирајќи ги, притоа, неговите зборови дека: „Нема да се случи Груевизација на СДСМ“. „Партија што нема визија за иднината зборува за минатото“, вели Спасовски и нагласува дека токму таква партија е ВМРО-ДПМНЕ, а дека новото раководство на СДСМ нема да се занимава со конструкциите и манипулациите на власта, туку ќе се фокусира на понудата кон граѓаните и на својата визија за иднината на Македонија.

Капитал - Земја на социјални случаи

Капитал објавува коментар со наслов: „Земја на социјални случаи“, во кој критикува некои економски политики на актуелната власт, покрај другото и кампањите за вработување социјални случаи во владините институции. Притоа наведувајќи дека системот во кој со години живеевме во социјална магла дека сè е бесплатно и дека државата ќе се погрижи за сè го напуштивме пред 20 и повеќе години, но трагедијата е уште поголема затоа што и ден-денес на младите им се нуди како модел на успешно владеење. Можеби сепак, има време за да признаеме дека имаме вградена грешка во системот и да се ресетираме, додека сите не станеме социјални случаи, заклучува Капитал.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG