Достапни линкови

Владините сили во офанзива против бунтовниците во Сирија


Сириските активисти соопштуваат дека владините сили ја интензивирале воената офанзива во областите контролирани од бунтовниците во северен и источен Дамаск. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, која има мрежа од активисти на теренот, соопшти дека владата распоредува тенкови во населбите под контрола на бутновниците и оти во гранатирањето ноќеска биле убиени три деца. Претставниците на „Пријателите на Сирија“, пак, денеска се сретнаа во Доха во Катар на разговори за зголемување на помошта за бунтовниците. Владините сили во изминативе недели ја вратија контролата врз неколку области што беа контролирани од бунтовниците.
XS
SM
MD
LG