Достапни линкови

Ристовски - Екстерното тестирање е исклучително успешен проект


Архивска фотографија: Министерот за образование Спиро Ристовски.

Архивска фотографија: Министерот за образование Спиро Ристовски.

Електронскиот дневник и екстерното тестирање се два исклучително големи и успешни проекти, оцени денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски и додаде дека тие се спроведени со поддршка и помош на ученици и наставници.

Тој рече дека го смета екстерното тестирање за исклучително успешен проект, во кој учествуваа повеќе од 190 илјади ученици, реализирани беа над 380 илјади полагања и сето тоа во реализација и со поддршка на самите ученици и наставниците. Очекува догодина тоа да биде уште поуспешно и пофункционално реализирано, а проблемите коишто се појавија во делот на техничката поддршка во определени училишта, да бидат коригирани.
XS
SM
MD
LG