Достапни линкови

Орешарски - Најтешки 100 дена за една бугарска влада


Новиот бугарски премиер Пламен Орешарски.

Новиот бугарски премиер Пламен Орешарски.

Мојата Влада можеби ги има најтешките сто дена од сите влади досега, таа беше тешко избрана и уште од првиот ден се бара нејзина оставка, изјави новиот бугарски премиер Пламен Орешарски пред учесниците на советот на Партијата на европските социјалисти што се одржува во бугарскиот Национален дом на културата, во главниот град Софија.

Наспроти тешкотиите, уште од изборот на Владата се фокусираме на неодложните мерки, зајакнуваме некои социјални програми и обрнуваме внимание на невработеноста кај младите, рече Орешарски. Тој појасни дека другите мерки се насочени кон подобрување на бизнис климата и намалување на административните тешкотии и демократизирање на целокупниот процес на управување.

Пред бугарскиот Национален дом на културата (НДК), денеска се собраа неколку стотици демонстранти извикувајќи „Оставка“, „Црвено ѓубре“ и „Мафија“. Организаторите на протестот бараат оставка на премиерот Орешарски. Демонстрантите носат државни знамиња, транспаренти на англиски јазик, антисоцијалистички пораки и свират во знак на протест.
XS
SM
MD
LG