Достапни линкови

logo-print

Серија напади во Ирак, девет жртви


Архивска фотографија- бомбашки напад во Багдад.

Архивска фотографија- бомбашки напад во Багдад.

Најмалку девет луѓе се убиени во одделни напади насочени кон полициски сили во северниот дел од Ирак, соопштија тамошните власти. Најсмртоносен бил нападот во Мосул каде еден бомбаш-самоубиец се разнел во близина на полициска патрола. Во тој напад загинале четири луѓе, меѓу кои и еден полицаец. Во градот Туз Кормото загинале тројца полицајци, а во градот Самара загинале двајца полицајци, а еден бил повреден. Минатиот месец, повеќе од 1.000 луѓе беа убиени во Ирак, што го прави најкрвав месев во земјата по насилството во 2006 и 2007 година.
XS
SM
MD
LG