Достапни линкови

Борби во авганистанска провинција Кундуз


Најмалку 18 талибански милитанти се убиени од страна на авганистанските безбедносни сили во северната провинција Кундуз, соопштија локалните власти. Портпаролот на провинциската полицијата изјави дека борбите меѓу безбедносните сили и милитантите започнале откако талибанските бунтовници нападнале безбедносни контролни пунктови вчера попладне. Портпаролот соопшти дека во борбите е убиен локалниот полициски командант, а еден полицаец е повреден.
XS
SM
MD
LG