Достапни линкови

Индија со засилени операции во поплавените региони


Архивска фотографија - поплави во Сирија.

Архивска фотографија - поплави во Сирија.

Индиските власти соопштија дека ги засилиле операциите за спасување на илјадници луѓе заробени од поплави и лизгање на земјиштето во североисточните делови на земјата. Тие соопштија дека околу 33 илјади луѓе се евакуирани досега во државата Химачал Прадеш. Илјадници војници, потпомогнати со хеликоптери се вклучени во спасувачките операции. Официјалните лица изјавија дека во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од почетокот на монсунските дождови загинаа најмалку 560 луѓе, а десетици илјади луѓе се водат за исчезнати. Од поплавите многу згради се уништени, а патишта и десетици мостови се однесени од водите. Во последните 60 години тоа е најсилното невреме во тој регион. Премиерот на Индија Манмохан Синг вети помош од 170 милиони долари за државата Химачал Прадеш.
XS
SM
MD
LG