Достапни линкови

Министрите на ЕУ не се договорија за банкарските правила


Банка во Кипар.

Банка во Кипар.

Министрите за финансии на земјите членки на Европската унија не успеаја да постигнат договор за тоа како да се затворат банките кои пропаѓаа со што би се спречило понатамошно оштетување на економијата. Официјални лица изјавија дека министрите за оваа прашање разговарале речиси 20 часа во Луксембург, но до договор не дошло. Уште една рунда на преговори се очекува в среда, во пресрет на Самитот на ЕУ. Дебатата се одвива околу тоа колку поединечна земја треба да учествува во затварањето на банката и кој треба да се плати за загубите. На воспоставувањето на нова банкарска регулатива се гледа како на важен дел за враќањето на финансиската и економската стабилност. Земјите на ЕУ дадоа десетици милијарди долари на проблематичните банки за да се спречи колапс на финансискиот систем откако го зафати финансиска криза.
XS
SM
MD
LG