Достапни линкови

Временска прогноза - топло, попладне дожд


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 27 до 36 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 35 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува осум.
XS
SM
MD
LG